Барање и селекција на кадри

Сениор менаџмент
Среден менаџмент
Специјалисти

Нашата задача е да се најдат клучни кандидати кои се соодветни за Вашите потреби и даваат вредност на бизнисот. Нудиме поддршка во процесот на пронаоѓање на најсоодветните таленти за лидерство, како и помош во градење успешен тим и развој на одлични лидери за Вашиот бизнис.

Консултантски услуги

Заедно сме посилни. Ние сме тим на посветени професионалци со цврста академска и професионална позадина, експертиза за пазарот и свежа перспектива во односите со клиентите. Ја делиме страста за резултати и го мериме нашиот успех според изведбата на клиентот.
Соработувајќи со нас, добивате професионални совети и услуги според највисоките стандарди. Заедно ги подобруваме операциите на бизнисот и задоволството на клиентите, ја зајакнуваме организациската клима и култура, нудиме совети и споделуваме експертиза. Ова е есенцијално за градење издржлива организација и подобрување на квалитетот на истата, како и за стабилноста и продуктивноста на организацијата.

Советодавни услуги за CEO/ Борд на директори

Регуларно сме ангажирани да ги споделиме нашите знаења преку консултации за лидерство и советодавни услуги. Нашите клиенти доаѓаат кај нас за поради нашиот професионализам, пристап фокусиран кон квалитет и персонализирана методологија. Заедно градиме близок однос базиран на нашите основни вредности на етичност, интегритет и доверба, со особен фокус на:

-Селекција на CEO/Борд на директори
-Евалуација на ефективноста на Борд на директори
-Транзиција на CEO/Борд на директори

Советодавни услуги за лидерство

Во јадрото на секоја организација се наоѓаат луѓе кои знаат како и кои поседуваат вештини кои даваат вредност на бизнисот.
Ако ефективно се изменаџира HR тимот, единствениот резултат е успех.
Вистински ефективна организација ја манифестира својата одличност преку лидерството и корпоративната култура. Иако овие две компоненти не може да се одвојат, нивната комбинација е клучна за успехот и издржливоста на Вашиот бизнис. Работиме со Вас за успешна идентификација на потребите и приоритизирање на целите, зајакнување на лидерството и лоцирање на уникатната есенцијa на Вашата организација.

Нашиот стратешки пристап ни овозможува да одговориме ефективно и да доставиме ефикасност и вредност на Вашиот CEO, но и да ги задоволиме потребите на нивото на Борд на директори во следните области: 

  • HR Due Diligence
  • Перформанс на менаџментот
  • Менаџмент на таленти
  • Тимски перфроманс
  • Задоволство од работата и посветеност на вработените
  • Организациска клима
  • Оптимизација на односот со клиенти

Менаџирање на кариера и развој на вработените

Профил се разликува од останатите поради успешната интеграција на разновиден тим на експерти. Преку опсежно знаење на пазарот им помагаме на нашите клиенти да имплементираат мали промени. Имплементираме еко систем на ресурси кој е во постојан развој и е дизајниран за взаемен бенефит на нашите корпоративни клиенти и колеги.
Профил е партнер на Arbora Global Career Partners за Западен Балкан. Arbora е глобална организација за менаџмент на кариера и развој на лидерство. Глобално се простираме низ EMEA, Америка и Asia Pacific, вклучувајќи партнери во 31 земја.

Специјализација за различни индустрии

Профил нуди барање и селекција на кадри и советодавни услуги во многу индустрии и на компании од сите големини и во сите фази. Нашата ефективност се темели на длабоко познавање на секоја индустрија, нејзините карактеристики и потреби. Го поседуваме знаењето и контактите за поддршка на секој сектор на индивидуална основа.

Користиме матрица на стандарди кои се врвни во практиката и знаењa, комбинирано со локално, културно, економско и политичко познавање во следните области:

  • Банкарство
  • Фармација и медицина
  • FMCG и продажба
  • Индустрија и технологија
  • Енергетика
  • Финансиски услуги
  • IT и телекомуникации
  • Автомобилска индустрија
  • Туризам
  • Медиуми/Забава

Црвена вода 4/2

1000 Скопје

Македонија

телефон: + 389  2 3120 968

факс: + 389  2 3110 968

E-mail: info@profil-group.com.mk