Персонализирана Методологија
За постигнување на нашите стандарди за квалитет ги поседуваме најсовремените алатки и ресурси со цел да се пронајде вистинското совпаѓање меѓу Вашите барања за работното место и компетенциите на кандидатите. Регрутацијата на клучни лидери за Вашата организација има потреба од длабинска HR анализа и темелна проценка на личноста, познавањата и вештините на секој кандидат. Ја исполнуваме оваа обврска преку нашата персонализирана методологија базирана на:
- Длабински интервјуа за компетенции
- Социометриски алатки
- Психометриски тестови и прашалници
- Алатки за проценка на ефикасност
- 360° повратна информација
- Прашалници за мерење на организациски параметри
Пет Чекори на Селекција
Во Профил ние слушаме и работиме постојано со Вас за развивање ефективно работно партнерство и за да бидеме сигурни во разбирањето на Вашите потреби, стратешки објективи и потреби во барањето. Го нудиме нашето искуство и знаење за секој кандидат и нудиме персонализирани аналитички истражувања, обезбедувајќи висока ефективност во процесот на регрутација.
Дефинираме
– Приоритети
– Состанок за запознавање со клиентот и дефинирање на бизнис потребите
– Брифинг за клиентот, работната позиција, таргетираните очекувања – дефинирање на описот на профилот на кандидатот
Наоѓаме
–Соодветни кандидати:
– Директно на пазарот (Headhunting)
– Датабазата со кандидати на Профил (преку 50,000 кандидати)
– Огласување (според позицијата и потребите на клиентот)
Проверуваме
-Дали потенцијалните кандидати ги поседуваат потребите компетенции:
– Длабински интервјуа за компетенции
– Психометриски прашалници и тестови
– Проверка на референци
Обезбедуваме
– Најсоодветните и најмотивираните кандидати:
– Извештај (кариерен пат, личносни карактеристики, потврда на компетенции)
Проследуваме
– Го следиме договорот помеѓу клиентот и избраниот кандидат
– Ги следиме клиентот и кандидатот во првите неколку месеци на вработување

Црвена вода 4/2
1000 Скопје
Македонија
телефон: + 389 2 3120 968
факс: + 389 2 3110 968
E-mail: info@profil-group.com.mk