30 години

Барање и селекција на кадри и менаџмент консултантски услуги

Кои сме ние и што правиме?

Квалитет. Доверба. Традиција

Основана во 1989, Профил е првата независна компанија за човечки ресурси која ги отвори своите врати во Југоисточна Европа. Специјализирани сме за Барање и селекција на кадри и менаџмент консултантски услуги, и истите принципи кои беа основа во почетоците се оние кои ја водат нашата работа и денес.

Обезбедувајќи стручни решенија за вашите специфични потреби во полето на човечки ресурси, ние станавме водечки снабдувач на решенија за човечки ресурси во регионот на Југоисточна Европа. Целосно сме посветени да постигнеме успеси за нашите клиенти со испорачување на услугата според највисоките стандарди, кои ни овозможуваат да ги одржуваме нашите основни вредности на квалитетот, довербата и традицијата.

Нашиот тим е составен од исклучително посветени професионалци и ги ставаме нашите клиенти во центарот на се што правиме.

Ние сме консултанти.

Ние сме Headhunters.

Ние сме кариерни советници.

Ние сме лични и бизнис советници.

Веќе 30 години, на нашите деловни партнери, клиенти и кандидати им обезбедуваме знаење, стручност и совети потребни за да донесат одлуки и да постигнат успех во денешниот предизвикувачки деловен свет. 

Ние сме посветени да ви ги приложиме најдобрите кандидати и најдобрите советодавни услуги. 

Максимизирање на вредностите преку квалитет, доверба и традиција.

ЗОШТО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ КОНСУЛТАНТИТЕ НА ПРОФИЛ?

Моќни резултати.
Раст на компанијата.
Личен успех.

Ние во Профил разбираме колку е важно сите проблеми и фактори да се имаат предвид кога се реструктурира компанијата, исто како што ја разбираме и комплексноста поврзана со промена во менаџмент активностите, менувањето на менаџмент тимовите и менаџмент структурата или кога се разгледуваат можности за кариера. 

Во Профил сакаме да го искористите максимално потенцијалот на Вашиот бизнис како и на Вашата кариера. Сакаме да бидеме Ваша поддршка во идните успеси. 

Избирајќи не нас ќе искусите придобивки во полињата на:

  • Селекција и регрутација на кадри: 

(врвен менаџмент, среден менаџмент, специјалисти)

  • Консултантски услуги:

Советодавни услуги за CEO/ Борд на директори (Селекција на CEO/Борд на директори, евалуација на ефективноста на Бордот на директори, наследување/транзиција на CEO/Борд на директори)

Советодавни услуги за лидерство (HR Due Diligence, Перформанс на менаџментот, Менаџмент на таленти, Тимски перфроманс, Задоволство од работата и посветеност на вработените, Организациска клима Оптимизација на односот со клиенти)

Услуги за личен развој (Кариерно советување, коучинг за личен развој и бизнис развој)

  • Персонализирани алатки и системи за проценка:

Персонализирана методологија

Црвена вода 4/2

1000 Скопје

Македонија

телефон: + 389  2 3120 968

факс: + 389  2 3110 968

E-mail: info@profil-group.com.mk